Дома Останати Кошарка НБА Далас повторно не победи со Ирвинг и Дончиќ, Јокиќ до дабл-дабл 🎥

Далас повторно не победи со Ирвинг и Дончиќ, Јокиќ до дабл-дабл 🎥

Веќе втор натпревар во кој играат заедно Дончиќ и Ирвинг не успеваат да му донесат победа на Далас откако тимот изминатата вечер беше поразен од Минесота со 121:124.

Кајр Ирвинг постигна 36 поени, Лука Дончиќ 33, сепак тие не беа доволни за победа на Мавс, во победничкиот табор најефикасен беше Ентони Едвардс со 32 постигнати поени.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Одличен повторно во дресот на Денвер беше Никола Јокиќ во триумфот над Мајами Хит на гостински терен. Денвер славеше победа од 108:112, а Јокиќ натпреварот го заврши со 27 поени, 12 скока и осум асистенции.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Атланта 144-138, Кливленд – Сан Антонио 117-109, Индијана – Јута 117-123, Филаделфија – Хјустон 123-104, Њујорк – Бруклин 124-106, Чикаго – Орландо 91-100, Оклахома – Њу Орлеанс 100-103, Голден Стејт – Вашингтон 135-126 и ЛА Лејкерс – Портланд 127-115.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…