Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Даку пак се извини: Се срамам од тоа што го направив

Даку пак се извини: Се срамам од тоа што го направив

Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку, по натпреварот со Хрватска, направи скандал и со мегафон ја поведе публиката да скандираат вулгарности против македонскиот народ.

Ваквото скандалозно однесување предизвика бура од реакции, па ФФМ побара јавно извинување од фудбалерот, а УЕФА му изрече санкција.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Даку беше супендиран на два меча, не играше на третиот натпревар од групната фаза, а сега вели дека се срами од своето однесување.

„По првиот натпревар против Италија, нашиот дефанзивец Хисај доби многу критики од навивачите и медиумите. По мечот со Хрватска сакав да му дадам поддршка и отидов со него на навивачката трибина, за навивачите да го прифатат, да го поддржат и да го споделат моментот на радост со него. Тогаш го зедов мегафонот и ги кажав тие зборови“.

„Навивачите често си дозволуваат да упатуваат навредливи повици до навивачите на други земји и атмосферата ве загрева, тоа влијае на сите на стадионот. Тој меч имаше емотивна завршница, го постигнавме израмнувачкиот гол во последната минута и јас дебитирав на ЕП, емоциите беа многу големи. Но, тоа не го оправдува мојот потег. Веднаш по ова сфатив дека згрешив затоа што изговорив несоодветни зборови. Она што е најважно, не требаше да кажувам такви зборови за ниту еден народ. Тоа е едноставно неприфатливо. Тоа е ужасен чин. Жал ми е, и им се извинувам на сите што беа повредени од оваа постапка“, изјави Даку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Димитриевски со фантастична одбрана ја натера цела Шпанија да му се поклони (Видео)

Македонскиот голман Столе Димитриевски беше еден од најзаслужните за големата победа на Ва…