Дома Фудбал Останато Давид Силва откри во кој клуб ќе оди по Манчестер Сити

Давид Силва откри во кој клуб ќе оди по Манчестер Сити

Ѕвездата на Манчестер Сити и репрезентацијата на Шпанија, Давид Силва има во план кариерата да ја заврши во своетно родно место, Лас Палмас.

Одличниот играч има уште две години договор со „Граѓаните“ кои планира да ги одработи, а по тоа би сакал да се врати во татковината.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Да, би сакал моето дете да расте таму каде што растев и јас. Се надевам дека ќе има исти можности како и јас. Ако сака да игра фудбал, ќе бидам тука да му помогнам. Имам уште две години договор со Сити. Не знам што ќе биде по тоа. Ќе имам 34 години, се ќе зависи од тоа како ќе се чувствувам физички и ментално. Навистина би сакал да играм во Лас Палмас, но ќе почекаме уште две години“, изјави Силва.

Силва никогаш не играше за клубот од неговиот крај. Потсетуваме, тој се прослави во дресот на Валенсија, а во Англија е од 2010. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

(Видео) Гол каков што не се гледа секој ден: Мароканец погоди од својата половина

Мароко успеа да триумфира со 3-2 против Јордан во Арапскиот куп, но најголемо внимание при…