Дома Фудбал Англија Давид Силва има нов клуб, се чека потврда во недела

Давид Силва има нов клуб, се чека потврда во недела

Давид Силва има нов клуб, пренесуваат италијанските медиуми.

Кориере дело Спорт пренесува дека Шпанецот ја прифатил понудата на Лацио и дека неговиот брат допатувал во тренинг центарот на римскиот клуб за да ги договори последните детали после што ќе биде потпишан договор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За Силва следува уште завршницата на ЛШ после што и официјално ќе биде слободен играч и ќе може да потпише за Лацио.

Истиот медиум пренесува дека 34-годишниот фудбалер оваа одлука на медиумите ќе ја соопшти во недела.

Инаку, Силва во Сити помина 10 години и со клубот освои многу трофеи, но ова лето дојде време за збогум.

Се верува дека со Лацио ќе потпише едногодишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Артета зборуваше за борбата за титулата, па спомена еден играч: Моментално недостасува една работа…

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави вечерва дека сака фудбалерите од лондонскиот кл…