Давид Нерес си заминува од Шахтјор Доњеск.
Украинската лига е завршена и нема да продолжи, а сите странски играчи добија „зелено светло“ да преговараат со други клубови. Давид Нерес се договорил со Бенфика и со португалскиот клуб ќе потпише договор до 2027 година. Бенфика на Шахтјор за неговите услуги ќе плати 10 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нерес не стигна ниту да дебитира за Шахтјор кој го доведе во јанаури од Ајакс за 12 милиони евра. Пред продолжувањето на украинското првенство започна инвазијата на Русија и не беше можно да се игра фудбал во таква состојба.
Претходно Нерес настапуваше пет сезони во дресот на Ајакс, одигра 180 натпревари, постигна 47 голови и подели 41 асистенција.