Дома Фудбал Англија Давид Луиз конечно објасни зошто го напушти Челси и потпиша за Арсенал

Давид Луиз конечно објасни зошто го напушти Челси и потпиша за Арсенал

Давид Луиз во изненадувачки трансфер го напушти Челси и потпиша за Арсенал.

Бразилецот во 2011. година стигна во Челси, а три години после тоа замина во ПСЖ, но повторно се врати на Стемфорд Бриџ во 2016. година.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Пред неколку месеци потпиша нов договор со Челси и се чинеше дека ќе остане во клубот уште некое време, но пред самиот крај на преодниот рок одби да тренира и побара трансфер.

На последниот ден од преодниот рок потпиша за Топџиите, а сега откри дека го напушти Челси затоа што не се вклопил во плановите на Лампард.

„Во разговорот со Френк Лампард заклучив дека има различен план за годината. Разговаравме потполно искрено и тој даде јасно до знаење дека има различни идеи од моите.“

„Така, имав шанса да добијам понуда од Арсенал, кој е одличен клуб.“ – додаде Луиз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Џерард за Ливерпул и Слот: Ќе бидам брутално искрен…

Стивен Џерард е категоричен кога станува збор за враќање во Ливерпул – би се вратил …