Капитенот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган според најавите кариерата ќе ја продолжи во Барселона.
Гундоган влезе во последната година од договорот со Манчестер Сити и на лето ќе биде слободен агент, а неговиот агент имал средба со Барселона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Каталонците го сакаат Германецот бидејќи во него гледаат идеален наследник на Бускетс, притоа можат да го доведат без обештетување.
Барселона го сака Германецот поради неколку причини. Прво затоа што може да пристигне без обештетување како слободен агент.
Второ затоа што може да игра на повеќе позиции од средниот ред и може одлично да ги замени како Бускетс, така Де Јонг, Гави и Педри.
Чави веќе го убедил Гундоган да се пресели на „Камп Ноу“, па клубот ги договара последните детали со менаџерот.
🚨 Barcelona are keen to sign İlkay Gündoğan on a free transfer when his contract expires this summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 25, 2023
(Source: @TheAthleticFC) pic.twitter.com/uFWCuL3yP3