Илкај Гундоган ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната, пренесуваат англиските медиуми.
Договорот на фудбалерот на „граѓаните“ му истекува следната година, но клубот нема намера да го задржи и наводно веќе му било соопштено дека ова лето може да си бара нов клуб. Засега не е познато каде Гундоган би можел да продолжи, се шпекулира за можно враќање во Бундеслигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во редовите на Манчестер Сити Гундоган пристигна во 2016 година од Борусија Дортмунд, а трансферот изнесуваше 27 милиони евра.
Германскиот фудбалер со турско потекло оваа сезона одигра 42 натпревари на кои постигна осум голови и подели шест асистенции.