Дома Фудбал Италија Гулит го советува Милан да го донесе Рајкард

Гулит го советува Милан да го донесе Рајкард

Поранешниот играч од средниот ред на Милан, Руд Гулит, го советуваше раководството на клубот да го назначи неговиот сонародник Франк Рајкард за тренер.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Двајцата Холанѓани играа заедно многу години на „Сан Сиро“, кога клубот ги имаше своите најславни денови.

Во последните години Милан е далеку од врвот, па Гулит смета дека „росонерите“ треба да ангажираат холандски тренер за да им се вратат на успесите.

„Зошто да не го побараат Рајкард? Ако сакате вашиот тим да игра добро, потребен ви е холандски тренер. Да, знам дека Сидорф не успеа во 2014 година, но тој си плати за недостатокот на искуство. Тие не му дадоа доволно време, мислам дека Рајкард ќе биде вистински избор“, заклучи Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хуман гест на играчите на Реал за Флик по загубата на неговиот татко

Барселона на својот домашен терен го порази Реал Мадрид со 2:0 благодарение на головите на…