Дома Македонски спорт Гроздановски од У21: Имаме група на фудбалери кои знаат што значи да се носи дресот со државен грб

Гроздановски од У21: Имаме група на фудбалери кои знаат што значи да се носи дресот со државен грб

Младата репрезентација на Македонија предводена од селекторот Благоја Милевски ги одработува последните подготовките за претстојниот контролен дуел со селекцијата на Словенија. Натпреварот ќе биде одигран на 3 јуни во словенечки Терме Чатеж.

Нашите фудбалери против Словенија ќе ја имаат последната тест подготовка за претстојните квалификации за пласман на Европско првенство во Романија и Грузија кои ќе почнат во септември оваа година.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Фудбалерот од средниот ред на Македонија и член на екипата Злате Моравче, Филип Гроздановски вели дека Словенија е квалитетна репрезентација.

„ Секогаш е посебно чувството кога играш за својата земја. Ми претставува огромно задоволство што сум дел од овој тим предводен од селекторот Благоја Милевски. Имаме одлична група на млади фудбалери што знаат колку вреди да се носи дресот со државен грб. Ги слушаме советите од селекторот, подготвени сме да дадеме се од себе за да ги исполниме неговите желби. Не очекува тежок натпревар, против репрезентација која има квалитет и располага со доста добри млади играчи. Ова за нас претставува последен тест пред претстојните квалификации, вели Филип Гроздановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…