Дома Македонски спорт Мак баскет Грнчаров нов извршен директор на МЗТ

Грнчаров нов извршен директор на МЗТ

Поранешниот капитен и легенда на МЗТ Скопје Аеродром, Тони Грнчаров ќе биде нов извршен директор на клубот, а процедурата за негово назначување е веќе почната.

Грнчаров професионалната кошаркарска кариера ја почна токму во сино-белиот дрес во 1999 година и тој е кошаркарот кој прв го крена шампионскиот пехар во историјата на МЗТ Скопје Аеродром.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„За мене никогаш и не постоела друга екипа освен МЗТ Скопје Аеродром. Тоа е судбината на секој аеродромец, бескрајната љубов кон сино-белата боја. Се враќам дома, но сега во поинаква и исклучително одговорна функција. Примарна цел сега ни е опстанок во АБА-лигата, а желбата да се освојат двете домашни круни е нешто што треба да се подразбира за клуб како нашиот. Во иднина ќе посветиме уште поголемо внимание на младинската школа каде што на талентираните ќе им понудиме работа со квалитетни стратези. Македонските играчи и тренери секогаш ќе ни бидат во преден план, како и работата на подолги патеки, без често менување тренери“, изјави Грнчаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …