Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Грилиш се огласи: Сакав да шутирам, но одлуката на селекторот беше поинаква

Грилиш се огласи: Сакав да шутирам, но одлуката на селекторот беше поинаква

Главна тема денес во фудбалската јавност е вчерашното финале на Европското првенство, а посебно е така во Англија.

Англичаните беа поразени во пенал рулетот, а многу се коментира одлуката 19 годишниот Сака да го изведе клучниот пенал пред неговите поискусни соиграчи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Рој Кин директно ги посочи Грилиш и Стерлинг.

„Ако си Стерлинг или Грилиш не можеш да стоиш тука и да гледаш како дете изведува клучен пенал пред тебе. Не можеш! Гајле ми е што другите ќе кажат, едноставно не можеш!“, изјави Кин.

По овој негов коментар се огласи Грилиш кој тврди дека тој сакал да шутира, но одлуката на селекторот Саудегјт била поинаква.

„Не бегав од одговорност. Се пријавив да шутирам, но изборот на селекторот беше поинаков. За време на ова ЕП тој донесе добри одлуки и затоа сите му веруваме. Не сакам луѓето да зборуваат поинаку затоа што сакав да шутирам“, порача Грилиш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Арбелоа е на клупата на Реал само „фигура“, што најдобро го покажува последниот потег на Флорентино Перез

Реал Мадрид пред неколку дена доживеа нов шокантен пораз, овој пат во Лигата на шампионите…