Дома Фудбал Англија Грилиш: Нема забава, Пеп ни забрани

Грилиш: Нема забава, Пеп ни забрани

Maнчестер Сити вчера го освои трофејот во Суперкупот победувајќи ја Севиља на пенали, а по овој триумф новинарите имаа посебно прашање за Џек Грилиш.

Грилиш беше фудбалерот кој најмногу се забавуваше по освојувањето на Лигата на шампионите, па новинарите го прашаа дали и сега ќе биде така.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Не, Пеп стави забрана. Сега си одиме дома да каснеме нешто здраво и да одмараме. Не чека нов натпревар…За три дена играме пак, па затоа немаме време за забави“, изјави Грилиш.

Истакна Грилиш и колку многу Манчестер Сити му значи на Пеп.

„На сите Пеп ни стави до знаење колку сака да донесе успех за овој тим, сакаме и понатаму да победуваме. Овој трофеј за нас е посебен бидејќи е прв во историјата на клубот“; истакна англискиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѓорѓиевски дебитира со гол за Клуж во триумфот против Слован

Марко Ѓорѓиевски со идеален старт во дресот на Клуж – македонскиот фудбалер го имаше своет…