Дома Фудбал „Гризман можеше да понуди многу повеќе, никогаш не ни требаше таков играч“

„Гризман можеше да понуди многу повеќе, никогаш не ни требаше таков играч“

Првиот човек на Барселона Жоан Лапорта пред новинарите зборуваше за Антоан Гризман кој си замина од Барселона.

Гризман во последниот ден од преодниот рок ја напушти Барселона и се вративо Ателтико Мадрид како позајмен играч. Атлетико на Барселона и плати 10 милиони евра, а може да го откупи за 40 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лапорта сега откри каков услов треба да се исполни за Атлетико да го откупи Гризман.

„Гризман мора да одигра 50% од натпреварите на кои може да настапи за Атлетико во целсот да го откупи“.

Според Лапорта Гризман никогаш не се вклопил во Барселона.

„Секако дека станува збор за голем играч, но тој не се вклопи во нашиот систем, не ни беше потребен таков играч. За однесувањето не му замерувам, но можеше да понуди многу повеќе“, порача Лапорта.

Лапорта во оваа прилика и уште еднаш зборуваше за заминувањето на Меси, за тоа повеќе можете да прочитате – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…