Дома Фудбал Гризман и Артур за излегување на Барса од кризата

Гризман и Артур за излегување на Барса од кризата

Барселона во рамките на 6. коло од Ла Лига го пречека Виљареал и славеше со 2:1.

После поразот од Гранада и ремито со Борусија, многумина прогласија криза на Камп Ноу, но вечерва Лео Меси и друштво покажаа дека и натаму се главни фаворити за титулата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Виљареал прикажа одлична игра, но победата е најважна, а таа е остварена благодарение на погодоците на Гризман и Артур.

Гризман по асистенција на Меси во шестата минута погоди за 1:0, а во 15. минута Артур постигна еврогол за 1:1.

До крајот на првиот дел беше виден уште еден еврогол, можеби и подобар од тој на Артур, а стрелец беше Санти Казорла за Виљареал.

До крајот на натпреварот резултатот остана непроменет, а Барса прослави нова победа и се врати во самиот врв на табелата.

Барса сега со 10 бода се наоѓа на четвртата позиција, а по 11 бода имаат Гранада, Атлетик и Реал. Последно споменатите две екипи имаат натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА на познат клуб му забрани трансфери на играчи до следната година

Бразилците сега најавуваат дека ќе се обидат што побрзо да постигнат договор со Американци…