Дома Фудбал Гризман за мајсторскиот гол против Бетис: Тоа го видов од Меси на тренинг

Гризман за мајсторскиот гол против Бетис: Тоа го видов од Меси на тренинг

Барселона вчера на свој терене го совлада Бетис со 5:2 во второто коло од шпанската Ла Лига.

После неочекуваниот пораз од Билбао играчите на Барселона вчера успеаа да прикажат многу подобар настап и да го совладаат Бетис. Иако гостите поведоа со 1:0 на крајот Барселона дојде до пресврт и славеше со 5:2.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


Одличен натпреваро дигра Антоан Гризман кој дебитираше на „Камп Ноу“ со ва гола. Гризман посебно воодушеви со мајсторскиот гол за 2:1 кога од работ на казнетиот простор го совлада противничкиот голман.

Францускиот напаѓач порача дека вообичаено тој не изведува такви удари, но дека тоа го видел од Меси на тренингот и одлучил да се обиде.

„Вториот гол? Меси постигнува такви голови на тренинзите и одлучив да се обидам да го имитирам и ми успеа. Среќен сум што победивме бидејќи цел мој тим сакаше да покаже квалитет после лошото издание во првото коло. Направивме исчекор, ова е резултат на тимската игра“, порача Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сагата продолжува: Мбапе спреми тужба за ПСЖ

Килијан Мбапе ова лето како слободен агент го напушти ПСЖ, но очигледно се уште има нерасч…