Дома Фудбал Останато Грешка на векот: Црвена Звезда одбила да го донесе Левандовски за 1.000 евра месечно!

Грешка на векот: Црвена Звезда одбила да го донесе Левандовски за 1.000 евра месечно!

Роберт Левандовски во моментов е еден од најдобрите напаѓачи во Европа, а оваа сезона особено блеска во дресот на Баерн Минхен.

Полскиот голгетер синоќа ја „потопи“ Црвена Звезда со четири гола, а денес медиумите откриваат дека српскиот клуб во минатото имал шанса да го донесе Левандовски во своите редови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Српските медиуми пишуваат дека Левандовски можел пред 10 години да се пресели во Црвена Звезда. Тогаш го препорачал Мирко Поледица, кој играше заедно со Лева во Легија, а наводно Левандовски бил подготвен да игра за 1.000 евра месечно.

Меѓутоа, српскиот клуб го одбил тоа затоа што сметале дека фудбалер од клупата на Легија не бил доволно добар за нив.

Левандовски наскоро после тоа почна да блеска во дресот на Легија и направи трансфер во Борусија Дортмунд, а останатото е историја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…