Манчестер Сити синоќа на Етихад го победи Вест Хем со 2:0 во натпревар од 26. коло во англиската Премиер лига.
Граѓаните успеаја да стигнат до уште три бода по многу турбулентна недела. Сити од страна на УЕФА беше суспендиран од играње во Лигата на шампионите во наредните две години, што и синоќа беше главна тема.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Етихад беше полупразен, а навивачите на Сити кои дојдоа на натпреварот подготвија транспаренти посветени на УЕФА. Тие веруваат дека УЕФА ги казни без причина и дека станува збор за неправедна одлука против нив.
На стадионот на Манчестер Сити синоќа на трибините можеше да се забележат транспаренти на кои пишуваше “UEFA Mafia“ и “UEFA Cartel“.