Италијанските медиуми пренесуваат дека швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака е пред трансфер во Рома.
Играчот за врска на Арсенал е голема желба на Жозе Мурињо и двата клуба веќе неколку недели водеа преговори за негов трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите Рома понудила 18 милиони евра со бонуси и Арсенал ја прифатил понудата.
Џака дал согласност да се пресели на „Олимпико“, па во моментов неговиот агент ги договара последните детали со „волчицата“ и наскоро трансферот треба да биде официјализиран.
Во Арсенал Џака пристигна во 2016 година, а во последно време беше мета на навреди на навивачите, па и самиот сакаше да ја промени средината.
#Roma–#Xhaka, si tratta sui bonus individuali: le ultime https://t.co/6x73wtQ5Me pic.twitter.com/Y5dKe6QfOB
— calciomercato.com (@cmdotcom) June 24, 2021