Дома Македонски спорт Мак фудбал „Гранде“ Несторовски за сефте бодови на Македонија во квалификациите за „Русија 2018“

„Гранде“ Несторовски за сефте бодови на Македонија во квалификациите за „Русија 2018“

Македонската фудбалска репрезентација вчера во Вадуц ја оствари првата квалификациска победа во циклусот за Мундијалот 2018 совладувајќи го Лихтенштајн со 3:0.

За „рисовите“ ова беше прва победа по речиси две и пол години на еден квалификациски натпревар и прва на гостински терен по пауза од седум години.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонија поведе со голот на Бобан Николов во 43.минута, а победата ја потврди Илија Несторовски со два погодоци во вториот дел. Играчот на Палермо во финишот на натпреварот не реализира пенал и пропушти можност да постигне „хет-трик“.

На „Рејнпарк“ во Вадуц македонските фудбалери имаа поддршка од околу 2.000 македонски навивачи кои допатуваа на стадионот од околните земји, а најмногу беа од Швајцарија.

По вчерашната победа Македонија ги задржа шансите за подобра пласман во однос на минатите квалификации кога беше последна во групата.

Резултати на другите две средби од 5.коло во Г-групата од квалификациите за Светското првенство 2018:
Италија – Албанија 2:0 и
Шпанија – Лихтенштајн 4:1.

Табела: Шпанија 13 бода, Италија 13, Израел 9, Албанија 6, Македонија 3 и Лихтенштајн 0.

Во следното коло, во јуни Македонија на домашен терен ќе игра со Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…