Упорноста и резултатите секогаш носат успеси, а во полето на спортот истото има значително значење. Денес, 22.12.2023 (петок), во Кино Фросина во МКЦ, се одржа свеченото доделување на наградите „Избор на најуспешни спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје“ од страна на Град Скопје и Сојуз на Спортови на Скопје.
Најуспешните беа наградени согласно различните утврдени категории во склоп на донесената одлука од страна на Комисијата за избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје и доделување на награди и признанија за 2023 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во категоријата Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени), наградени се 1. Силвио Мировски (Кик бокс клуб Гладијатор – 2. м Европско првенство Кик бокс), 2. Витомир Трајковски (Карате клуб Макпетрол – 3 м. Балканијада 3 м. Европско првенство, 1 м. Универзијада), 3. Калин Ивановски (Тениски клуб Југ пласман во 1/4 на АТП челинџер 100 Иаси, Романија), 4. Стефан Стојановиќ (Карате клуб Макпетрол – 3 место Балканијада), 5. Бесир Алили (Боречки клуб Лирија – 5 м. Европско Првенство), 6. Ива Богдановска (Џудо клуб Миоки – 3 место Балканијада, 9м Европско Првенство), 7. Георгина Блажеска (Џудо клуб Миоки – 3 место Балканијада), 8. Јована Мицовска (Карате клуб Макпетрол – 3 место Балканијада), 9. Иван Галевски (Ракометен клуб Алкалоид), 10. Никола Ѓуретановиќ (Пливачки клуб Вардар 2018 – 6 место на Централно Европски Игри).
Во категоријата Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), наградени се 1. Бобан Илиоски (Кик Бокс клуб Шампион – Светски Шампион во кик бокс – Лоу кик до 86 кг), 2. Мери Акиевска (Бодибилдинг/фитнес клуб Магнус – Светска Шампионка во Бодибилдинг – Велнес до 158 цм), 3. Игор Стефановски – Иџе (Авто Мото клуб АКК Стефановски – Европски Шампион во ридски патеки), 4. Дејан Георгиевски (Таеквондо клуб Бутел – Трето место, Европски Олимписки Игри Полска. Во Опен Г-1 има освоено 2 златни, три сребрени и еден бронзен медал), 5. Ахмад Магомедов (Боречки клуб Студеничани – 3 место Европско првенство во Борење слободен стил категорија до 79кг), 6. Дарио Ивановски (Маратон клуб Корранерс – Нов рекорд во Маратон Валенсија 02.11.53, Балкански шампион во Полумаратон), 7. Лина Ѓорчевска (Тениски клуб ЈУГ – 1.место W40), 8. Андреас Трајковски (Атлетски клуб Работнички – Скок во далечина- нов рекорд 7.91 метар, 3 местна Балканско првенство во скок во далечина одржан во Краљево, Србија), 9. Патар Заборски (Карате клуб Макпетрол – 3 место екипно Медитеранско првенство, 3 место Балканијада, 1 место Универзијада, 3 место светска лига), 10. Петар Спасеновски (Карате клуб Макпетрол – 3 место Универзијада, 1 место екипно, 5 место на Медитерански).
Во категоријата Најуспешна спортска екипа од Скопје наградата е доделена на 1. Специјална Олимпијада (за високи резултати освоени во Бадминтон, Пливање и Атлетика со повеќе спортисти, Јане Никодиновски, Стефан Трпковски, Марио Мицовски и Јулијана Петровска на Летни светски олимписки игри во Берлин 17-25.06.2023 година).
Во категоријата Најуспешен тренер награден е 1. Дејан Митровски (Кикбокс клуб Шампион, Фитнес Клуб Магнус за двајца светски шампиони во два спорта).
Оваа година, во категоријата, Најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје, поради немање високи резултати од странските играчи, кои Настапуваат за скопски клубови, не е доделена награда.
Од македонските спортисти, за Најуспешен спортист со награда се здоби 1. Андреј Стојаноски (Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди на Кисела Вода – 6 место на Светско првенство 50 м градно и 6 место на Светско првенство 400 м мешано во Буенос Аирес).
Покрај признанијата, на добитниците, спортистите и трененерот, им беше доделена и парична награда со вкупен фонд од 185.000 денари.