Дома Трансфер зона Го сака половина Европа: Тој ја продолжи верноста со Лион

Го сака половина Европа: Тој ја продолжи верноста со Лион

Раководството на Лион денес официјално соопшти дека младиот играч за врска Танги Ндомбеле ставил потпис на нов договор од 2023 година.

Младинскиот репрезентативец на Франција пристигна во Лион минатото лето од Амиен и уште во првата сезона ги воодушеви сите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ндомбеле запиша 47 настапи во својата прва сезона во Лион на кои запиша 8 асистенции и постигна еден гол.

21-годишниот играч за врска го привлече вниманието на многу европски гиганти, како Тотенхем, Арсенал, Милан, Атлетико Мадрид, па Лион побрза да го „блиндира“ со нов договор.

Ндомбеле оваа сезона продолжи со одличните партии и настапи на сите четири меча во Лига 1, а денес ја продолжи верноста кон Лион, кој нема намера да го продава својот „бисер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…