Кристиано Роналдо е фудбалска ѕвезда за која нема потреба да се трошат зборови и голем број актуелни фудбалер сонуваат да го разменат дресот со Португалецот.
Таква желба имал и 26 годишниот фудбалер на Аталанта Робин Гонсенс меѓутоа не успеал да си ја исполни.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„По еден натпревар против Јувентус сакав да го заменам дресот со Роналдо тоа ми беше желба. Кога судијата означи крај му пријдов, но тој не се согласи. Го прашав: „Кристиано, може да го добијам твојот дрес?“ Не ме ни погледна, кратко ми одговори: „Не“. Се почувствував многу мал и ми беше непријатно. Добро знаете какво е чувството кога ќе ви се случи нешто за кое ви е незгодно па гледата наоколу дали некој го видел тоа“, изјави Госенс.