Aтлетико Мадрид договори уште едно одлично засилување во одбраната.
Имено, Еспањол ја прифатил понудата од 30 милиони евра за Марио Хермосо, а дополнителните пет ќе бидат исплатени преку бонуси иако во неговиот договор има откупна клазула во износ од 40 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Минатиот месец шпанска „Марка“ објави дека преговорите се во застој, а Еспањол на почетокот не сакал да го продаде Хермосо под цената на откупната клазула, но играчот побарал да го напушти клубот и ги приморал луѓето во клубот да прифатат помала сума.
Хермосо во 2017 година пристигна во Еспањол од Реал Мадрид и тоа како слободен играч. Во минатата сезона одигра 35 натпревари и постигна три гола.
Се очекува овој 24 годишен стопер да се придружи во базата на Атлетико Мадрид во Лос Анџелес најдоцна до петок.
Atlético Madrid have reportedly agreed a deal to sign Espanyol defender Mario Hermoso. Atléti will pay an initial €30m for the centre-back with a further €5m in add-ons. An official announcement is expected soon.
(Source: Marca) #Atléti #Transfers pic.twitter.com/tIQlxynLt8— Hala Transfer News (@HalaTransfers) July 16, 2019