На 22 декември 2019 година Милан го доживеа едно од најголемите понижувања во својата историја. „Росонерите“ беа декласирани од Аталанта со 5:0 и Божик го дочекаа многу блиску до зоната за испаѓање на табелата.
Една година покасно на 23 декември Милан со победата над Лацио „росонерите“ годината ја завршија на врвот на табелата во Серија АМалку кој веруваше дека една година подоцна Милан од днотото ќе се искачи на врвот и ќе руши рекорди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан е единствениот тим во најсилните пет европски лиги кој нема пораз оваа сезона. Во текот на оваа 2020 година Милан постигна фантастични 106 голови.
Дека успехот на тимот не е само случајност покажува и фактот дека на 16 натпревари по ред во Серија А, постигнува најмалку по два гола на натпревар.
Целиот овој успех добива уште повеќе на значење поради фактот што „росонерите“ го имаат најмладиот тим во Топ 5 лигите во Европа со просечна старост од 24,5 години. Јасно е дека овој тим има голема иднина и со ваков победнички менталитет може да постигне многу успеси.