Дома Трансфер зона Го бараа гигантите, но Еванс избра да биде „лисица“

Го бараа гигантите, но Еванс избра да биде „лисица“

Искусниот дефанзивец и член на ВБА, Џони Еванс кариерата ќе ја продолжи во тимот на Лестер, пренесуваат англиските медиуми.

Вест Бромвич Албион не успеа да опстане во Премиер лигата, па јасно е дека поквалитетните фудбалери ќе го напуштат тимот, а најсилен интерес имаше токму за Еванс.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед беше на радарот на Манчестер Сити и Арсенал, но тој го избра Лестер каде што ќе има загарантиран првотимски статус.

„Лисиците“ прифатиле да ја платат сумата од 3,5 милиони фунти која стои како откупна клаузула во случај ВБА да испадне од елитата и осигураа големо засилување за следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…