Фудбалерите на Широки Бријег синоќа на свој терен беа поразени со 1:0 од Челик во првото коло од босанската Премиер лига.
Челик направи големо изненадување со оваа победа и јасно се гледаше дека играта на Широки Бријег не беше на нивото на кое се очекуваше да биде.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Широки лошо ја отвори сезоната со елиминација од квалификациите за Лига Европа, а поразот од Челик беше капката која ја прели чашата.
Имено, тренер на овој тим беше нашиот поранешен репрезентативец Гоце Седлоски кој после синоќешниот пораз одлучи да поднесе оставка.
Седлоски не се појави на прес конференцијата после натпреварот и им соопштил на челниците на клубот дека поднесува оставка, а наското се очекува и официјална потврда од клубот.
Инаку, Гоце најверојатно се враќа во Вардар каде ќе ја извршува функцијата спортски директор во црвено-црниот клуб.