Дома Топ вести Готово: Јувентус договори напаѓач од 80 милиони

Готово: Јувентус договори напаѓач од 80 милиони

Едно од приоритетните засилувања за Јувентус во летниот преоден рок веројатно ќе биде класичен напаѓач.

Гонзало Игуаин ова лето ќе ја напушти „старата дама“ бидејќи има 33 години и одигра слаба сезона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми откриваат дека прва желба на Јувентус е напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименес. Мексиканецот одигра уште една одлична сезона во Премиер лигата и за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти.

Проблем би можело да биде високата цена бидејќи „волците“ за неговата слобода бараат 100 милиони евра, додека Јувентус нудеше 50 милиони евра.

Медиумите пишуваат дека двата клуба успеале да најдат заеднички јазик и да постигнат договор за зделка од 80 милиони евра.

Хименес оваа сезона постигна 26 гола на 53 натпревари,а  Сари верува дека ќе биде идеален партнер за Роналдо и Дибала во нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…