Само неколку дена откако Алисон стана најскап голман во историјата на фудбалот, рекордот беше срушен – нов рекордер е Кепа Аризабалага!
Во текот на денешниот ден ви најавивме дека главна трансфер цел на Челзи за голманската позиција е голманот на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага и дека сините се спремни да ја платат откупната клаузула.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега стигна потврда од сите релевантни шпански медиуми. Делегација на англискиот клуб во моментов се наоѓа во Мадрид да ја информира шпанската Федерација дека ќе биде платена откупната клаузула која изнесува 80 милиони евра.
Кепа Аризабалага веќе пристигна во Мадрид и наскоро се очекува заедно со делегацијата на Челзи да отпатува за Лондон на лекарски прегледи.
23-годишниот шпански голман веќе постигна договор со „сините“ и после рутинските лекарски прегледи ќе стави потпис на 5-годишен договор.
Притоа, ќе стане најскапиот голман во историјата на фудбалот платен 80 милиони евра.
Доаѓањето на Кепа во Челзи, автоматски ќе значи потврда на трансферот на Куртоа во Реал Мадрид.
BREAKING: Chelsea have agreed to pay a world record £71m to sign Kepa Arrizabalaga from Athletic Bilbao. (Source: @Matt_Law_DT) pic.twitter.com/KoD8chO6oj
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 7, 2018