Дома Фудбал Англија Готово: Челзи постигна договор со новиот менаџер

Готово: Челзи постигна договор со новиот менаџер

Челзи во наредните часови и официјално ќе го потврди Грем Потер за нов менаџер на тимот, пренесуваат медиумите на Островот.

„Скај спорт“ пренесе дека бил постигнат вербален договор меѓу трите засегнати страни и потребно е во текот на денот да се формализира договорот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Наводно, Челзи ќе му плати на Брајтон 16 милиони фунти, за да го откупи Потер, со што тој ќе стане најскапиот менаџер во Англија.

Брајтон претстојниот викенд во Премиер лигата ќе игра против Борнмут, а пресконференцијата на Потер во пресрет на тој меч беше откажана, бидејќи преговорите со Челзи беа во завршна фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Месут Озил стана татко по трет пат – еве какво име му даде на детето (Фото)

Поранешната ѕвезда на германската репрезентација Месут Озил (37) има голема причина за сла…