Дома Топ вести Готово: Хаверц во Челзи за 100 милиони

Готово: Хаверц во Челзи за 100 милиони

Последните информации од Германија тврдат дека Челзи и Баер Леверкузен постигнале договор за трансфер на Каи Хаверц.

Според еминентниот новинар Фабрицио Романо, двата клуба постигнале договор за трансфер на 20-годишниот Германец кој ќе биде „тежок“ 100 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Двете страни интензивно преговараат веќе подолго време, а Леверкузен не сакаше да го пушти својот „бисер“ за сума помала од 100 милиони евра.

Последната понуда на Челзи изнесува 80 милиони евра плус 20 милиони во вид на бонуси, на која Леверкузен кажал „ДА“.

Хаверц веќе има договор со „сините“, па се очекува во наредните денови да пристигне во Лондон и официјално да биде промовиран во нов играч на Челзи.

Трансферот на Хаверц ќе биде најскап во историјата на Челзи и еден од најскапите во историјата на Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…