Дома Фудбал Готово: Фати доби пасош!

Готово: Фати доби пасош!

Голема победа на ФС Шпанија, барем така изгледа во овој момент.

Главна тема во Шпанија овие денови после слабите изданија на Реал Мадрид е младиот фудбалер на Барселона Ансу Фати.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Момчето која ја помина школата на Барселона дебитираше за првиот тим на каталонскиот тим оваа сезона и ги воодушеви сите љубители на фудбалот.

Веќе постигна два гола и запиша асистенција во дресот на Барселона, а има само 16 години.

Станува јасно дека во продолжение од сезоната Валверде ќе смета на неговите услуги и дека младиот фудбалер ќе има простор да се развива.

Фати е по потекло од Гвинеја Бисиао од својата шеста година е во Шпанија. Во борбата за Фати се вмеша и Португалија која дава држвајнство на жителите на споменатата држава.

Сега е се завршено, Ансу Фати ќе настапува во Шпанија.

Сепак, ова може да е и лоша вест за Барселона бидејќи се очекува да добие повик за кадетското Светско првенство кое се одржува во октомври. Во тој случај Фати би можел да пропушти најмалку четири натпревари помеѓу кои и „Ел Класико“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…