Дома Трансфер зона „Марка“ открива: Следната недела Гризман потпишува договор

„Марка“ открива: Следната недела Гризман потпишува договор

Ако се верува на пишувањата на Марка, трансферот на Антоан Гризман во Барселона е завршен.

Францускиот напаѓач пред неколку недели соопшти дека го напушта Атлетико после пет години и од тогаш константно се шпекулира за неговата иднина. Се споменуваат бројни клубови, од ПСЖ до некои тимови од Премиер лигата, но следната дестинација дефинитивно ќе биде Камп Ноу.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Марка пишува дека Гризман постигнал договор со каталонскиот клуб според кој дресот на Барселона ќе го носи во следните пет сезони, а Атлетико Мадрид за овој трансфер ќе добие 125 милиони евра, колку што изнесува клазулата во неговиот договор.

Како ново засилување Гризман најверојатно ќе биде претстравено на 11. јули, четврток, пишува Марка.

Ваквиот расплет не е изненадувачки, посебно што уште претходно директорот на Атлетико ги отфрли сомнежите околу иднината на напаѓачот.

„На сите им е јасно каде Гризман ќе игра следната сезона. Сите тоа веќе го знаеме, уште од март. Неговиот следен клуб е Барселона.“ – изјави Гил Марин за каталонски Спорт пред неколку недели.

Гризман е во Атлетико од 2014. година, а мадридскиот клуб за него плати 30 милиони евра на Сосиедад. Во пет години одигра повеќе од 250 натпревари и постигна 133 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…