Дома Топ вести Готово: Санчо на чекор од „Олд Трафорд“

Готово: Санчо на чекор од „Олд Трафорд“

Англиските е медиуми лансираа вистинса „бомба“ и тврдат дека Џејдон Санчо постигнал комплетен договор со Манчестер Јунајтед.

Овој 20-годишен офанзивен фудбалер воодушеви со своите настапи и се најде на мета на многу европски гиганти. Оваа сезона Англичанецот одигра 30 меча за Дортмунд на кои постигна 16 гола и запиша 17 асистенции. Тој има договор со „милионерите“ до јуни 2022 година, но се шпекулира дека ова лето сигурно ќе ја промени средината.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


За Санчо интерес покажуваа уште Челзи и Ливерпул, но Манчестер Јунајтед ја победил конкуренцијата и веќе постигнал договор со младиот Англичанец.

„Црвените ѓаволи“ му понудиле на Санчо неделна плата од 400.000 фунти со што ќе стане еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата.

Последните информации од Островот говорат дека Санчо кажал ДА на оваа понуда, па останува уште двата клуба да ја договорот цената на трансферот.

Борусија Дортмунд за неговата слобода ќе бара најмалку 100 милиони евра, но тоа нема да претставува проблем за Јунајтед бидејќи е спремен да ја плати таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Јувентус

Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, пренесуваат ме…