Раководството на Рома ја доби битката за еден од најталентираните стопери во Италија, Џанлука Манчини, кој треба да биде замена за Костас Манолас на „Олимпико“.
Според последните информации Рома успеала да го обезбеди потписот на еден од најталентираните стопери во овој момент во Италија, Џанлука Манчини.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Репрезентативецот на „Аѕурите“ со Аталанта успеа да се избори за пласман во Лигата на шампионите, но клубот од Бергамо одлучи да го продаде и добро ќе ја наполни касата.
Манчини доби повик во репрезентацијата после одличните две сезони во Аталанта, а Рома за неговиот потпис ќе плати вкупно 25 милиони евра.
Според информациите формулата на трансферот е позајмица со обврска за откуп следното лето за 21 милион, плус 4 милиони како бонуси.
Манчини утре ќе пристигне во Рим на лекарски прегледи, а потоа ќе потпише договор на четири години и ќе има заработка од два милиони евра по сезона.