Дома Топ вести Готово: Реал и Манчестер Јунајтед се договорија за Варан

Готово: Реал и Манчестер Јунајтед се договорија за Варан

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед постигнале договор за трансфер на Рафаел Варан.

Раководството на Реал Мадрид веќе се помирило со фактот дека ќе се раздели со дефанзивецот, откако Варан одби да го продолжи договорот.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Кралевите“ сакаа да ја избегнат ситуацијата како со Рамос и да го загубат дефанзивецот без обештетување, па беа спремни да слушнат понуди.

Манчестер Јунајтед од поодамна покажуваше интерес за Варан, а и самиот фудбалер преферираше трансфер на „Олд Трафорд“.

„Ел Чирингуито“ пренесува дека двата клуба постигнале договор, сумата не е позната, но сигурно трансферот ќе биде поголем од 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…