Реал Мадрид продолжува да се засилува со бразилски таленти, па после Винисиус и Родруго, „кралевите“ се на добар пат да донесат уште еден бразилски „вундеркинд“.
Стануава збор за младата ѕвезда на Фламенго, Реиниер Жесус, кој важи за еден од најголемите бразилски таленти и во договорот има откупна клаузула од 65 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид има одлични односи со Фламенго и успеа да ја намали таа цена, па Реиниер ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“ за 30 милиони евра плус бонуси.
Утре младиот фудбалер полни 18 години, па официјално ќе стане нов фудбалер на клубот од Мадрид, а потпишување на договорот ќе се одржи во Колумбија, каде што Реиниер ќе престојува со младата репрезентација на Бразил, која игра квалификации за Олимпискиот турнир.