Дома Фудбал Англија Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на Челзи, пренесе доброинформираниот новинар Фабрицио Романо.

Аргентинецот денес имаше средба со спортските директори Пол Вестенли и Лоренс Стјуарт на која двете страни донеле одлука да се разделат.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Веста за заминувањето на Покетино штотуку ја потврди и клубот од „Стенфорд Бриџ“.

„Сините“ сезоната во Премиер лигата ја завршија на шестото место со 63 бодови. Со ова изборија пласман во Конференциската лига, но не ги оправдаа високите очекувања.

Покетино дојде на кормилото на Челзи минатото лето со големи амбиции, а заминува после само една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер може да го замени Зомер со италијански голман

Плановите на Интер за летниот трансфер период ги опфаќаат позициите на голманите. Јан Зоме…