Дома Фудбал Италија Готово: Познат новиот клуб на Бепе Марота!

Готово: Познат новиот клуб на Бепе Марота!

Бепе Марота од четврток и официјално нема да биде на платениот список на Јувентус, а во јануари започнува со работа на дрго место.

Договорот на Бепе Марота со Јувентус истекува во четврток и од тогаш тој и официјално ќе го напушти Јувентус, тој повеќе не е генерален директор, но за два дена нема да биде ниту на платениот список.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Со други зборови – неговата епоха завршува. Марота повеќе не присуствува на натпреварот, а односите со Ањели се формални и ладни.

Го одби италијанскиот сојуз, а според италијанските медиуми тој веќе донел одлука.

Имено, од јануари Марота ќе работи во Интер, договор со Ситвен Жанг е постигнат и од овој преоден рок ќе биде задолжен за трансферите во Интер. Во Милано ќе се обиде да стави крај на доминацијата на Јувентус, за која и самиот тој е еден од најзаслужните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалер на Манчестер јунајтед заминал од „Олд Трафорд“ на полувремето со Лион

Во вистинска фудбалска драма, Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во полуфиналето на Лига …