Дома Трансфер зона Готово: Позната следната дестинација на Пепе!

Готово: Позната следната дестинација на Пепе!

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе, ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната и ќе се пресели во Кина, во екипата на Хабеи.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Португалецот после една деценија ќе го напушти „кралскиот“ клуб и веќе договорил двегодишна соработка вредна 15 милиони евра по сезона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Пепе реши да го напушти Реал откако клубот не се согласи да му понуди нов двегодишен договр. Челниците на Реал, следејќи ја клупската политика на Пепе му понудиле едногодишна соработка.

Хебеи неодамна го презеде поранешниот тренер на Малага, Реал и Манчестер Сити, Мануел Пелегрини, а во овој тим настапуваат Езекиел Лавеци, Жервињо и Стефан Мбија.

Пепе во Реал пристигна во 2007 година од Порто за сума од 30 милиони евра и досега има одиграно 327 натпревари, на кои постигнал 14 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…