Поранешниот спортски директор на Рома, Мончи веќе утре ќе биде претставен во новиот клуб.
Експертот за трансфери ја заврши соработката со Рома откако во согласност со клубот го раскина договорот, а после неговото заминување клубот го напушти и Еусебио Ди Франческо.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Многу се шпекулираше дека ќе ја превземе функцијата спортски директор во Арсенал, но тоа не се случи.
Вчера во медиумите се појави вест дека Мончи ќе се врати во Севиља и тоа веќе е сигурно – утре тој ќе биде претставен пред медиумите.
Денес сите поголеми шпански медиуми меѓу кои се реномираните „АС“ и „Марка“ ојбавија дека Мончи утре ќе биде претставен во Шпанија.
Мончи важи за вистинска икона на Севиља. Како играч во овој клуб ја помина целата своја кариера, а потоа во 2000 година стана спортски директор и таа функција ја извршуваше до 2017 кога премина во Рома.
Во Севиља се стекна со епитетот вистински гуру за трансфери оствари во голем број маестрални зделки и освен успехот на клубот, донесе и одлична заработка.
Поради тоа Италијанците од него очекуваа многу и се надеваа дека може да им помогне во реконструкцијата на тимот и ставање крај на доминацијата на Јувентус. Меѓутоа тоа не се случи и голем број навивачи на Рома се незадоволни од неговата трансфер политика.