Легендарниот хрватски фудбалер Лука Модриќ одлучил кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид, објави денеска шпанскиот весник „Марка“.
Најдобриот светски фудбалер во 2018 година со години со голем успех настапува за Реал со кој освои дури пет титули во Лигата на шампионите, а на 1-ви јуни ќе игра во новото финале во елитното европско натпреварување против Борусија Дортмунд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Модриќ имаше средба со претседателот на Мадрид, Флорентино Перез, по што беше одлучено 38-годишниот фудбалер и следната сезона да продолжи да настапува за најуспешниот клуб во Европа.
Хрватот дојде во Реал во 2012 година од Тотенхем и стана еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња во Реал.