Дома Трансфер зона Готово: Милан го продаде Кутроне во Премиер лигата!

Готово: Милан го продаде Кутроне во Премиер лигата!

Патрик Кутроне е производ на младинската школа на Милан, а овој 21 годишник стана миленик на публиката на „Сан Сиро“.

Младиот напаѓач беше вистински „џокер“ во изминатите две сезони, а сега Милан е спремен да се откаже од него.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Наводно, Милан веќе постигнал договор со Вулверхемптон кој би сакал да го види Кутроне во своите редови.

Клубот од Премиер лигата ќе плати 25 милиони евра за потписот на италијанскиот напаѓач. Двата клуба веќе си пуштија рака за трансферот, кој треба да биде комплетиран во следните денови.

Кутроне утрово ги напушти подготовките на тимот во Бостон и се упати во Англија на лекарски прегледи, а потоа ќе стави потпис на 5-годишен договор.

Милан веќе договори негова замена и ќе плати 35 милиони евра за ѕвездата на Лил, Рафаел Леао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…