Дома Трансфер зона Комо не запира: Го доведе и поранешниот напаѓач на Милан

Комо не запира: Го доведе и поранешниот напаѓач на Милан

Неодамна италијанскиот второлигаш го потврди трансферот на Сеск Фабрегас, а сега пристигна уште едно звучно име – Патрик Кутроне.

Фудбалерот кој ги помина сите младински категории на репрезентацијата на Италија и своевремено го носеше дресот на Милан се одлучи да стави потпис на тригодишен договор со клубот од неговиот роден град.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„За мене е вистинска чест што ќе го претставувам клубот во мојот град. Тука пораснав и за првпат шутнав топка, тука е моето срце, моето семејство и моите пријатели. Се радувам на враќањето во Комо. Преговорите не траеа долго, затоа што знаев дека ова е вистинската понуда за мене“.

„Серија Б е тешко првенство, јас сум убден дека имаме што да кажеме. Ќе одиме натпревар по натпревар и очекувам добра сезона“, изјави Кутроне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…