Екипата на Милан го договори првото засилување за јануарскиот преоден рок.
Нов член на „росонерите“ ќе стане талентираниот играч за врска на бразилски Фламенго, Лукас Пакета кој на „Сан Сиро“ ќе пристигне за сума од 35 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилските медиуми тврдат дека екипите го договориле трансферот на 21 годишниот фудбалер. Пакета до крајот на неделата ќе ги помине прегледите, а во јануари ќе го облече дресот на „росонерите“.
Милан во трката за потписот на Пакета го победи француски ПСЖ.
Станува збор за фудбалер кој важи за еден од најголемите таленти во овој момент на бразилскиот фудбал.
Оваа сезона во дресот на Фламенго одигра 24 натпревари и постигна два погодоци, запиша и два настапи за репрезентацијата на Бразил.
Flamengo acerta negociação de Lucas Paquetá com o Milan https://t.co/nWrYXS5jXe pic.twitter.com/jm2NCFsrJy
— globoesportecom (@globoesportecom) October 10, 2018
https://www.youtube.com/watch?v=89N9iRn5EMg