Милан и Порто постигнаа договор за трансфер на наѓачот Мехди Тареми, пренесуваат италијанските медиуми.
Иранскиот напаѓач веќе неколку сезони блеска во дресот на Порто и минатата сезона постигна 31 гол, па го привлече вниманието на многу европски клубови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Милан веќе постигнал договор со агентот на 30-годишниот напаѓач, а после долги преговори најде заеднички јазик со Порто.
„Скај Италија“ пренесува дека Порто ја прифатил последната понуда од 15 милиони евра и трансферот на Тареми е само прашање а време.
Откако ќе се завршат бирократските работи напаѓачот ќе пристигне во Милано на лекарски прегледи и ќе биде 10-то засилување за „росонерите“ ова лето. Тареми пристигнува на „Сан Сиро“ како алтернатива за Жиру.
🔴 Di Marzio: FC Porto have accepted the €15m offer. The bureaucratic part of completing the deal has now begun. pic.twitter.com/wZIfQQ5pCE
— Milan Posts (@MilanPosts) August 30, 2023