Ако може да и се верува на шпанска „Марка“, фудбалскито свет добива нов светски рекорд!
Шпанскиот весник штотуку објави, дека Килијан Мбапе станува најскапиот фудбалер во историјата. Монако добива 180 милиони евра, поточно 160 веднаш и 20 преку бонуси.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Купецот, секако го знаете, Реал Мадрид. „Кралевите“ не сакаа ништо да ризикуваат и ја победија конкуренцијата! Се шпекулираше дека Moнако за својот најдобар фудбалер бара 190 милиони евра, но на крајот Реал го доби фантастичниот фудбалер за нешто пониска сума.
Флорентино Перез уште еднаш го сруши светскиот рекорд петти пат, претходно сопственикот на Реал Мадрид рекордни суми издвојуваше за Фиго, Зидан, Роналдо и Бејл.
Преговорите помеѓу двата клуба започнаа минатата недела, на првиот состанок клубот од Кнежеството од Реал како што споменавме бараше 190 милиони евра за својата најголема ѕвезда. Сега, трансферот на Мората во Челзи за 80 милиони евра, можеме да го сметаме како најава на ова што се случи неколку дена подоцна.
„Кралевите“ во трката Мбапе го победија англискиот клуб, Манчестер Сити кој на отварањето на преговорите понуди 150 милиони евра. Но, самиот Мбапе имаше огромна желба да соработува со својот сонародник, Зинедин Зидан.
Мбапе на „кралевите“ се очекува да им се придружи за неколку дена. Сега македонската јавноста можеби има некакви шанси да се надева дека најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот ќе истрча на „Филип Втори“ на 8 август, кога Реал ќе игра против Манчестер Јунајтед во рамките од Суперкупот на Европа, иако реално шансите за такво нешто се мали.