Манчестер Јунајтед потврди дека ја активирал клаузулата за автоматско продолжување на договорот на Немања Матиќ.
31-годишниот играч за врска на почетокот не добиваше минутажа кај Солскјер, но во последно време се избори за место во стартниот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Матиќ беше на излезна врата од „Олд Трафорд“ во јануари и се очекуваше сигурно да замине на крајот на сезоната, но се сличи пресврт на целата ситуација.
Неговиот договор истекуваше на крајот на сезоната, но „црвените ѓаволи“ имаа опција за автоматско продолжување на уште една година и ја активираа клаузулата, односно до јуни 2021 година.
Притоа, од клубот потврдија дека започнале преговори за додатно продолжување на договорот со Матиќ за уште една година, односно до 2022 година.
Manchester United have triggered the one-year option to extend Nemanja Matić's contract and are in discussions about a new longer deal. (Source: SkySports) pic.twitter.com/rSivEkjm0S
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 17, 2020