Откако утрово беше објавено дека Роберт Левандовски ставил крај на соработката со Цезар Кухарски, сега полскиот напаѓач си го избра новиот агент.
Повторно, човекот кој прв објави дека е завршена соработката помеѓу Левандовски и Кухарски, Матеуш Борек ја однесе победата. Бидејќи токму тој стигна до Захави кој му потврди дека постигнал договор со Левандовски.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„За мене е голема чест што ќе можам да соработувам со најдобриот центарфор на денешницата“, кратко порачал Захави.
Со промената на агентот, се претпоставува дека Левандовски е спремен да сврти нов лист во својата кариера и да го напушти Баерн Минхен.
И покрај тоа што Захави е добар пријател и близок соработник на Роман Абрамович, на кого во Челзи му ги доведе Дидиер Дрогба и Петар Чех од Марсеј и Рен, се појави информација дека Захави на Левандовски би можел да му обезбеди трансфер во Барселона или Пари Сен Жермен!