Голманот на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага потпиша шестгодишен преддоговор со Реал Мадрид, пренесува „АС“.
Неговиот договор со „баскијците“ му истекува на крајот на годината, но Кепа одби да преговара за продолжување на истиот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во моментов не е јасно дали Аризабалага ќе пристигне во Реал уште овој месец или ќе остане во Атлетик до крајот на сезоната.
„АС“, весник кој е близок до „кралскиот“ клуб тврди дека голманот веќе потпишал и дека постојат две варијанти кога ќе пристигне на „Сантиаго Бернабеу“ – веднаш или на крајот на сезоната.
Kepa Arrizabalaga has already signed Real Madrid contracthttps://t.co/11WKJIqMzX
— AS English (@English_AS) January 4, 2018
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се надева дека Кепа ќе пристигна во текот на месецот и ќе се бори за место во тимот со Кејлор Навас.
Во моментов 23-годишниот голман се рехабилитира од повреда, па најверојатно од тоа ќе зависи кога точно ќе пристигне на „Сантиаго Бернабеу“.